Ако сакате да се ослободите од опсесивните мисли и љубомората кон партнерот, важно е да ги одделите емоциите од она што го прави партнерот.
Многу терапевти истакнуваат дека одредена количина на љубомора е дури и пожелна, бидејќи на тој начин и на себе и на партнерот му покажувате дека се грижите за него и за вашата врска.
Меѓутоа, кога таа љубомора станува можеби дури и опсесивна и напорна, работите добиваат поинаков тек.
За да се ослободите од љубомората, тренерот за врски Анита Бутиќ го советува следново:
– За да се ослободите од љубомората во партнерскиот однос, еве што треба да направите. Треба да ги одделите емоциите од она што го прави или не го прави вашиот партнер. И треба да разберете дека вашите мисли влијаат на тоа како ќе се чувствувате во партнерскиот однос. Втората работа што треба да ја направите е да бидете во мир со фактот дека нешто навистина лошо може да се случи. На пример, да бидете оставени, измамени, да ве измами партнерот, да бидете отфрлени, за да научите да се справувате со секое чувство, без страв. Исто така, треба да разберете дека животот е направен од убави моменти и малку помалку убави и колку побрзо прифатите дека не можеме да избегнеме непријатни ситуации, толку ќе ви биде полесен животот. Третата работа што треба да ја направите е да си ја обезбедите сигурноста што ја барате кај партнерот, да научите да ги обработувате емоциите, да ги контролирате вашите постапки, наместо да го контролирате партнерот – вели Анита.
Извор: Попара.мк