Драги мажи, сигурно не ви е потребна дополнителна мотивација за бакнежи, но вреди да се знае дека тие не само што го подобруваат вашето расположение, туку и целиот живот.
Чинот на бакнување меѓу партнерите не е само размена на емоции, туку и еден вид невербална комуникација. Утешуваме, тешиме, смируваме и се радуваме без ниту еден изговорен збор. Бакнежот е мост кој обединува две души и срца во едно. Сепак, психолошкото истражување покажало какви ефекти може да има бакнувањето со партнерката пред да одите на работа врз вас и различни аспекти од вашиот живот.
Имено, психолошкото истражување спроведено во Германија во текот на 1980-тите покажало дека мажите кои ги бакнувале своите сопруги наутро пред да одат на работа, во просек живеат пет години подолго од сопрузите кои немале навика да го прават тоа.
Д-р Артур Сабо, германски професор по психологија на Универзитетот во Кил, помина две години собирајќи податоци од десетици лекари, психолози и водечки германски осигурителни компании вклучени во обезбедувањето актуарски податоци. Сабо ги објави своите наоди во западногерманското списание „Селекта“.
Мажите кои ги бакнувале своите партнерки пред да одат на работа, заработувале 20 до 35 отсто повеќе пари и имале помали шанси да отворат боледување од нивните колеги кои би отишле на работа без бакнеж за разделба. Ова истражување, спроведено на примерок од 110-те најдобри германски индустриски менаџери, покажува дека дури 87 отсто од оние кои излегле од дома откако ги бакнале своите сопруги добиле зголемување на платата и ги задржале своите менаџерски позиции. Истата истражувачка група објави дека небакнувањето на партнерката пред одење на работа значително ја зголемува можноста и ризикот од сообраќајни несреќи.
Еве што напиша Сабо во резимето на неговите резултати:
– Мажите кои наутро излегуваат од дома без да ја бакнат сопругата, тоа го прават или затоа што се во кавга со партнерката или затоа што се оддалечиле еден од друг. Во двата случаи, сопругот го започнува денот со негативен став. Тој има тенденција да биде нерасположен и депресивен. Не го интересира својата работа и околината. Додека голем број мажи се преправаат дека се рамнодушни кон своите сопруги, речиси сите се залажуваат. Дури и ако мажот престанал да ја сака својата сопруга, сепак е под влијание на нејзиниот став кон него. Нашето истражување го докажува тоа и тоа многу убедливо. Сопругот кој ја бакнува сопругата секое утро пред да оди во канцеларија, денот го започнува со позитивен став. Чувството на хармонија во неговиот живот се рефлектира и на физиолошко и на ментално ниво.
Извор: Попара.мк