Пејачката и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Анастасија Петреска и нејзиниот колега и сопруг, пејачот на „Биоритам“, Владимир Поповски, имаа посебен ден за прослава, среќа и неизмерна радост, а тоа беше роденденот на нивната ќеркичка Андреа.
Наследничката на музичко- брачната двојка наполни четири години, а гордата и среќна мајка на својот профил по повод роденденот напиша:
-Нашиот живот со тебе доби поголема смисла да сакаме повеќе,м да живееме и да се бориме за своето семејство. Биди среќно дете како што си, нека твојата ѕвезда сјае со љубов,мир и спокој. Секогаш да бидеш пред се добар човек, а ние ќе бидеме твоја поддршка со тато. Те сакаме најмногу, пишува Анастасија во описот на фотографиите од Андреа.
Пред осум месеци, Анастасија и Владимир, Бог ги даруваше со машко бебе кое го направи семејството уште посреќнно и побогато. Тогаш не открија кое име му го дале на наследникот, но се досега кога со никнувањето на првите запчиња, на колачињата по тој повод беше испишано името Лука.
Лука е веќе потпораснато осумесечно бебенце кое почнава да го осознава своето опкружување и да ги кажува првите зборчиња.
Инаку, мама Анастасија на три месеци по породувањето се реши да почне да пее, најави дека ќе настапува и ќе се врати на музиката и настапите.
фото:Инстаграм принтскрин/Анстасија Петреска