Мажи, пазете се! Ако вашата сопруга не може да заспие, вашиот однос и тоа како може да се расипе.
Утврдено е дека жените со тешкотии во спиењето следниот ден имаат повеќе “негативни интеракции” со нивниот партнер, а многу помалку позитивни, а нивните сопрузи имаат слична реакција еден ден откако нивните жени имаат проблематична ноќ.
Сонот е многу важен за секоја жена. Ако спие лошо, многу лошо влијае на нејзиното расположение и комуникација со нејзиниот сопруг, бидејќи обично се буди нервозна и уморна. За разлика од нив, несоницата кај мажите речиси и не го загрозува расположението.
Затоа, драги сопрузи, ако вашата жена е нервозна во последните денови од вообичаеното, оставете ја да спие добро!