Погрешно изразената љубомора може целосно да ја уништи вашата врска …
Љубомората ги уништува врските, предизвикува сомнеж кај вас, а понекогаш обидот да ја надминете љубомората изгледа како борба со ветерници. Љубомората е таа што предизвикува недоверба, ја уништува самодовербата и може трајно да ги расипе инаку големите љубовни врски и односи.
Ако со почит ја искажете својата загриженост, вие и вашиот партнер можете да ја користите љубомората како можност да научите и да пораснете како двојка.
Ако не можете да го надминете чувството на љубомора, тогаш барем научете да го искажете на вистински начин, што нема да има лоши последици.
Избројте до десет
Нема ништо забавно да забележите дека вашиот партнер флертува и намигнува на друга личност или да зборува за славна личност како симпатија, но не мора да се вознемирувате за тие работи. Секогаш кога ќе започнете да се лутите од љубомора, затворете ги очите и сметајте до десет. По десет секунди, запрашајте се дали навистина вреди да си го уништите денот. Ако сепак треба да разговарате за тоа со вашиот партнер, направете го тоа мирно.
Како да ја изразите љубомората на здрав начин?
Љубомората, доколку е изразена веднаш и на здрав начин, може да им помогне на паровите да покажат поголема благодарност еден кон друг, да не го земаат својот партнер здраво за готово.
Сепак, начинот на кој ја изразувате љубомората ќе биде одлучувачки фактор за тоа колку ви помага. Ако му викате на вашиот партнер, тоа сигурно нема да даде позитивен резултат. Но, ако со почит ја искажете својата загриженост, вие и вашиот партнер можете да ја користите љубомората како можност да научите и да пораснете како двојка.
извор: Попара.мк