Љубов и Секс

Дали е важно колку мажи сте имале?

Дали е важно колку мажи сте имале?

Дали некогаш ви се случило вашиот маж да праша со колку партнери сте биле интимни, а на вас да ви биде незгодно да одговорите бидејќи не сте сигурни каква ќе биде неговата реакција на бројката која ќе му ја кажете?

Според некои анкети, околу 95% од жените кои спиеле со повеќе од 20 мажи не можат да најдат личност со која би биле во брак.

Затоа, во современите односи се наметнува ова прашање, колку се уште сме навистина старомодни и конзервативни?

Неодамнешната студија во Канада покажала дека третина од 7 656 мажи, жената ја сметаат промискуитетна ако спиела со 20 или повеќе партнери, додека 41% ставаат граница дури и кај 10 мажи.

Сексуалниот терапевт Логан Лефкоф кажува дека против оваа предрасуда треба да се бориме и дека бројот на мажите не ја одредува жената како личност. Тој наведува дека важноста на бројот почнала да се придава во 1980 година кога почнале трендовите на ”слободна љубов”.

”Во тоа време бројката 20 била многу висока, а денеска дури и се смета за просечна со оглед на браковите и врските кои траат кратко. Од друга страна, мажите својот број го лажат и кажуваат дека спиеле со дупло повеќе жени одколку што навистина се. Во сексот не постои нормално, односно граници кои се прифатени во поширокото друштво. Затоа мислам дека не треба да се замараме со бројки за ограничување кои поставуваат некои друштвени стандарди. Културата на општесвото е таква што своите несигурности луѓето ги хранат преку коректното однесување поставено од општествените норми, а тоа може да доведе до непотребни непријатности и предрасуди кон жените по прашање на бројот на сексуални партнери кои ги имале”- истакнува Лефкоф.

 

To top