Љубов и Секс

Четири разговори кои треба да ги имате со вашата идна снаа пред да стапи во брак

Четири разговори кои треба да ги имате со вашата идна снаа пред да стапи во брак

Не е тајна дека односите меѓу свекрва и снаа можат да бидат предизвикувачки, но важно е да знаете дека постојат свекрви и снаи кои функционираат совршено.

Затоа, и покрај сите приказни што можеби сте ги слушнале, тоа во никој случај не е врска која треба да ја осудите од самиот почеток.

За дополнително да помогнете во оваа врска, добро е пред самата венчавка да разговарате со вашата свекрва на неколку теми. А кои теми треба да се обработуваат во тој разговор или кои прашања треба да ѝ ги поставите на вашата идна свекрва? Подолу ги истакнавме оние кои се најважни.

Четирите разговори што мора да ги имате со вашата идна свекрва се:

1. Што треба да знаете за нив како семејство

Веројатно не сакате да бидете изоставени од разговорот кога ќе се собере семејството на вашиот сопруг. Дозволете идната свекрва да ви каже детали од детството на вашиот партнер, извадете стари фотоалбуми, забавувајте се заедно. Покрај тоа што вашата идна свекрва ќе се присети некои среќни моменти, вие ќе научите многу убави работи за вашиот иден сопруг.

2. „Не сум тука како заканата на вашата позиција“

Свекрвите знаат да бидат многу чувствителни кога нивното дете ќе порасне и е подготвено за брак. Во такви моменти, тие можат да се чувствуваат несигурни во врска со новата личност во семејството и да се плашат дека ќе бидат исфрлени од животот на нивниот син. Ова чувство може да доведе до непожелни однесувања. За да не се случи тоа, дајте ѝ до знаење на идната свекрва дека не сте таму да ја замените, туку да бидете дел од исто семејство.

3. Дајте ѝ до знаење дека одлуката да основате семејство е ваша

Никој не сака кога другите луѓе почнуваат да ги мачат со прашањето кога треба да се роди бебе. На свекрвите ова прашање не им е непознато, но таа одлука е исклучиво ваша. Иако можеби не е пријатен разговор за почеток, објаснете и на вашата идна свекрва дека вие ќе одлучите кога ќе бидете подготвени за дете и дискусии за новороденчето.

4. Зборувајте за неа

Не треба да разговарате само со свекрвата за вашиот иден сопруг, за вашата врска и за плановите за иднината. За да биде добра врската, важно е да се работи на пријателството. Свекрвата не мора да ви биде втора мајка, но може да ви биде пријателка. Разговарајте со неа за работи кои ја интересираат, во што ужива, за нејзините хоби… Ќе го цени таквиот разговор, а сигурно ќе сака да знае нешто за вас.

Извор: Попара.мк

To top