Славната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, денес 21-ви декември е славеничка на својот 44-ти роденден.
Една година повеќе и со собрани нови искуства и спомени во својот куфер на животот. Кај Сузе речиси секогаш е работно и турбулентно, така што музиката и настапите како една од најбараните пајачки е пракса на која одамна навикнала и научила да живее, па дури и кога не мора да го прави тоа.
Сепак, работата и ангажманите не смеат да трпат, осбено верните обожаватели кои постојано сакаат да ја гледаат и слушаат, особено на прослави, свадби, собири на дијаспората…
Весело за сите, па и за своја душа во денови кога треба да пее дури и на ден- роденден.
Имено, вчеравечер, Гавазова, на ден пред својот роденден пееше на една приватна струмичка прослава, можеби роденденска или предновогодишна, но целта иста, забава и здравица за арно, за убаво.
Кога стрелките на часовникот означија полноќ, нештата се променија, а славеничка стана и пејачката.
Па така Сузе пееше за други, ама и за себе и тоа за пари, не си плати сама за ангажманот, но меракот беше и на сопствена сметка.
Честитките почнаа да се редат, здавица по здравица и така се по ред се додека не дојде вистинската и лична роденденска прослава која допрва следи.
Среќен роденден!
фото: Instagram printscreen/ suzanagavazova