Според психологот и автор на книгата „Зошто воопшто да се омажам за тебе“, Барбара Бартлеин, одредени правила што ќе ги прочитате во продолжение како извадоци од нејзината книга, алудираат на правила што можат да му наштетат на бракот, а вие треба да ги прекршите.
Никогаш во кревет на легнувајте лути
Тоа баш и не е препорачливо, зашто понекогаш подобро е да преспиете и да ги смирите емоциите, а потоа да разговарате и да се обидете да го решите проблемот. Кога сте лути и под стрес, не може многу да направите во своја корист, тврди авторката. Моментално не се сложувате околу нешто, затоа одморете па почнете да го решавате проблемот.
Секогаш бидете 100% искрени
Во бракот и не е најпаметно да го следите овој совет комплетно. На пример, непосакувано е со сопругот да ги делите сите детали за поранешниот. Тоа предизвикува споредба што не води никаде. Со него морате да бидете пристојни и грижливи кога се во прашање неговите чувства.
Никогаш не треба да одите на одмор без партнерот
Нормално е заеднички да ги планирате одморите, но тоа не значи дека никогаш не смеете на одмор да отидете сами. Можеби и тој има други желби, но не ви ги открил. Друга опасност лежи во тоа што некои парови мислат дека се и секогаш треба да прават заедно, а тоа не е здраво за односот во меѓусебната врска. Важно е само да не почнете премногу да практикувате да бидете без неговото или нејзиното друштво.
Кавгата води до развод
Барбара смета дека и ова е погрешно. Истражувањата покажуваат дека веројатност за развод имаат само оние парови што воопшто не се караат. Кавгата може да биде и конструктивна ако притоа не се кажат навреди и понижувања. „Здравата“ кавга е подобра од правилото „држете го јазикот меѓу забите“.
Партнерите треба да се усогласат со своето хоби
Не треба да го форсирате партнерот да ужива во истото што и вие. Исто така никој од вас не треба да се откаже од ништо во што ужива, но секако имајте и заеднички активности во кои можете заедно да уживате.
Досадата е лоша
Турбулентната врска можеби е возбудлива, но не е здрава, заклучува Барбара. Зар не е подобро кога е досадно знаејќи каде е вашиот сопруг секоја ноќ? Подобро е да имате стабилна, опуштена и „досадна“ врска, а повремено да ја освежите со некое заедничко патување или слично возбудување.