Мајчинската љубов не се мери со ниедна друга, а кога го гледаш пред твои очи како детето брзо расте, не можеш да веруваш дека времето толку брзо летнало од првиот миг кога си го видел.
Пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски се присети токму на мометот од болница кога за прв пат ја згогледа нејзината ќеркичка Искра и ја држеше во раце.
Оттогаш поминаа три години, а Искра е потпорасната и секојдневно ги радува мама и тато кои го прославија нејзиниот роденден во домашен амбиент.
-Мојот свет и моето време се создаде и се брои од пред,и после Искра…Ти си се што сакам и сонував да бидеш,мојот немир, мојот спокој, мојот мотив,и мојата најголема желба,ти ме правиш и најранлива,и најмоќна…Убавино мајкина,зеницо моја,ти благодарам што ме направи комплетна, и што секој ден ме учиш да се трудам да бидам подобар човек. Биди среќна,направи се што можеш и сакаш,зошто само небото е граница. На денешен ден пред 3 години направи поубава верзија од мене,станав мајка! Среќен роденден Искра!- напиша мама Бојана која фотографиите ги објави јавно на социјалните мрежи.
Инаку, Бојана и нејзиниот сопруг Васко, после Искра го добија и синчето Ѓорѓи.