Радио Милева атрактивна придружба...

Аца Лукас има нова девојка: Расната русокоса со длабоко деколте го засени познатот пејач (ФОТО)

Аца Лукас има нова девојка: Расната русокоса со длабоко деколте го засени познатот пејач (ФОТО)

Ацо Пејовиќ вчервечер  во еден луксузен хотел во Белград го прослави 18-от роденден на својата најмлада ќерка Ива, а на овој настан се појави и неговиот колега Аца Лукас, кој беше придружуван од неговата нова девојка, атрактивна русокоса.

 

 

Таа не сакаше да позира за фоторепортерите заедно со популарниот фолкер, но тамошните медиуми успеаја да ја фатат додека го чека на страна и држи луксузен букет во рацете.

Меѓу присутните имаше гласини дека таа е неговата нова избраничка, иако немаше официјална потврда. Да потсетиме, прославата на ќерката на Пејовиќ беше организирана во еден хотел во српската престолнина, а бидејќи на прославата имало голем број пејачи, добрата атмосфера била загарантирана.

Инаку Пејовиќ покрај Ива има уште две ќерки – Магдалена и Марија и често истакнува колку е горд на сите три.

Славеничката пристигна во раскошен долг фустан во бордо боја, кој одлично и прилегаше, а она што сите го забележаа е ланчето околу вратот. Станува збор за ланче на брендот „Van Cleef & Arpels“ кој чини неверојатни 9.500 евра, како и обетките од 3.000 евра.

Фото: ANTONIO AHEL/ATAIMAGES, M.M./ATAIMAGES

To top