И додека пред некоку дена главна тема во медиумите и на социјалните мрежи беше тазе бракот на младата пејачка и мајка од неодамна, Антониа Гиговска, се’ остана само на статусот со кој таа ги иницираше муабетите, барем засега.
Гиговска нема намера да се објаснува и да открива било што во врска со нејзиниот брак и тоа како им оди со Роберт, но затоа и тоа како сака да покаже како изгледа на неполн месец откако на свет го донесе синчето Киан.
View this post on Instagram
Сега новопечената и неискусна мама е во период кога постојано е во мајчински прашалници, но наоѓа по некоја минута да си го направи ќефот со ситни нешта, пример изборот на тесниот фустан во кој успеа да влезе, а го носеше пред да остане бремена.
Поза од автомобилското седиште со кадар до струк од кој се гледа дека Антониа е во фаза на повлекување на стомакот кој го има секоја жена по породувањето.
Млада и самоуверена, храбро стегната во тесно зашто така и е убаво.
Како личност кога секогаш „крева прашина“ за се’ и сешто периодов како да е некое затишје, а кога ќе почнат да и недостигаат фановите, сцената, медиумите и јавниот живиот, останува да видиме…
фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска