Атрактивна, харизматична, егзотична, а пред се’ талентирана, дарена од Бога со моќен глас кој не остава рамнодушни за да посакаат да ја слушаат повеќе, па дури и Саша Поповиќ кој и оваа година ја повика да се натпреварува повторно.
Младата 24 годишна скопјанка Андријана Петрушовска втора сезона по ред го плени регионот од сцената на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Минатата година беше финалистка и за влакно не допре до триумф, но оваа сезона како што тргнале нештата досега, Андријана е на добар пат овој пат да успее.
Секое нејзино појавување се очекува да биде, и е вистинско вокално доживување, а богами и визуелно. Атрактивната Македонка е празник за уши и очи, а секое следно издание таа умее секогаш да биде на висина на задачата.
Жирито воопшто не се мисли и не ги штеди дланките да стисне тастер и да и даде глас, па и сега таа стигна до шестиот круг кој гледачите допрва ќе имаат можност да го гледаат на телевизија.
Она што Петрушовска ќе го пее овој пат и каков е нејзиниот музички избор и на менторот Мили, засега е непознато, но она што се знае е дека Андријана ќе изгледа како божица – македонска божица!
View this post on Instagram
На нејзиниот Инстаграм профил таа го најави следното претставување на големата сцена на „Гранд“, а наедно најави и нови почетоци кога сценскиот стајлинг е во прашање.
-Задоволството и самодовербата уште посилни заедно со Елена Лука и тимот на професионалци со кои започнуваме една нова и успешна приказна! Рефлексијата е очигледно блескава, кога си опкружен со професионалци!- нашиша таа во описот најавувајќи ја соработката со најголемата македонска модна куќа која безрезервно им дава поддршка на младите музички уметници и голем дел од познатите Македонки во шоубизнисот.
А кога оние што најдобро си ја знаат работата, ќе земат се’ во свои раце кога модата и инспирацијата е во прашање, а моделот е и повеќе од совршен и инспиративен, резултатот е токму таа блескавост на сцена.
Изборот падна на дводелна впечатливо црвена комбинација која ја истакна нејзината витка манекенска става, а е сочинета од свилено макси здолниште и топ со долги ракави украсен со златни детали под градите.
Минималистички, но ултра впечатливо, но и со возбудлива нота од богатата и раскошна црвена наметка која веројатно ќе открие што се крие под неа од втората песна.
Круната на главата како детаљ беше совршеното надополнување дека Македонија има кралица на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ со која ќе се гордее.
Она што веќе го видовме визуелно како најава преку слика, останува да слушнеме и како ќе се спои со моќниот вокал кој не се сомнемаме и без резерва да прогнозираме дека ќе ја однесе понатаму како и досега.
фото: Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska