Голем е бројот на жени кои се одлучуваат за љубовна врска или брак со постари мажи, а експертите од „Brihgt Side“ откриваат повеќе причини зошто е тоа така.
Една од главните причини е фактот што постарите мажи се позрели од помладите. Младите мажи често го поминуваат времето за да го истражуваат светот, откривајќи нови работи и трудејќи се да сфатат што сакаат да прават, додека постарите мажи тој дел од животот го имаат завршено и имаат повеќе време за сериозни чекори како што се кариерата и создавање семејство.
Многубројни истражувања докажуваат дека постарите мажи се поинтелигентни од помладите, а заслугата се припишува на поголемиот број на животни искуства. Жените ги потвруваат резултатите од ова истражување додавајќи дека се сигурни во тоа што постарите мажи поминале низ повеќе животни искуства кои ги зацврстиле и ги научиле на многу лекции, а сето тоа може да се забележи во нивното однесување и нивниата животна приказна.
Постарите мажи знаат што сакаат, постабилни се и имаат помалку “неред“ во својот живот. Не сакаат да трошат нечие време со беспотребни игри и не се срамата да ги прашаат другите луѓе за совет или помош доколку им е потребна.
Поголемиот број од жените сакаат да бидат финансиски стабилни. Кога основаат семејство сакаат да бидат сигурни дека ќе имаат доволно средства за да можат себеси и на своето семејство да им овозможат тоа што им е потребно. Постарите мажи и во овој дел се понапредни од помладите мажи затоа што шансите се многу големи тие веќе да имаат финансиска стабилност, добра кариера, додека помладите мажи сè уште треба да ја градат својата кариера, да заработуваат пари или слични работи.
Многу од истражувањата покажуваат дека постарите мажи повеќе им помагаат на жените во домот, било да се работи за едноставно миење садови или пак некои други обврски околу домот. Тие имаат повеќе искуство во врските и често имаат повеќе знаење за тоа што сакаат жените.
Постарите партнери на своите партнерки им даваат сигурност како емотивна така и финансиска. Постабилни се и не се плашат да кажат што мислат и што чувствуваат.
извор: точка.мк