Велат дека вистинската љубов не познава граници, но изгледа дека науката не го потврдува тоа тврдење.
Студијата спроведена на Универзитетот „Emory“ во Атланта, покажала дека разликата во години помеѓу партнерите има големо влијание на успешноста на врската, пренесува „Good Housekeeping“.
Во истражувањето во кое учествувале 3000 парови, научниците откриле дека паровите со разлика од пет години имат 18% поголема шанса за прекинување, од паровите кои се врсници.
Тој процент отскокнува на 39% кај паровите со разлика од 10 години и на неверојатни 95% во случаевите каде се работи за разлика од 20 години.
Изгледа дека резултатите само го потврдиле веќе популарното мислење на народот, а формулата за успешни љубовни врски звучи прилично едноставно – колку е помала разликата во години, толку е поголема шансата за успех.
А доколку се прашувате која е идеална разлика, научниците велат дека најмногу шанси за успешна врска имаат паровите во кои едниот е една година постар од другиот.
Нормално, како и секогаш, и во овој случај постојат исклучоци, кои се тука само за да го потврдат правилото.
извор:точка.ком.мк