На почетокот на март, почина мајката на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша.
Оваа вест ја потресе и пејачката Драгана Мирковиќ која е пријателка со Јелена.
Како што пишуваа тогаш медиумите, Мирковиќ не можела да пристигне за погребот, но затоа утре дента ја посетила Јелена и ја тешила.
Во интервју за „Телеграф“, Драгана истакна дека се слушнала со Јелена.
„Секако дека се слушнав, многу ми е жал. Јас ја познавав Дивна Карлеуша од почетокот на мојата кариера, знам како не пречека кога ги имав првите интервјуа. Сепак, јас бев девојче од 15 години која имаше страв од микрофонот, од јавноста“ вели Мирковиќ.
Таа објасни како Јелена ја поднела смртта на нејзината мајка.
„Не знам како ви објаснам како Јелена ја поднесе нејзината смрт. Поточно, не ја поднесе. Кога ја видов…немам зборови…На неа се гледа тага, не само на лицето, туку на целото тело, појава…Како целиот живот да и се срушил…Тие беа поврзани не само како мајка и ќерка, туку и на сите полиња на животот“ вели Драгана.
За потсетување, на почетокот од кариерата на Јелена, Дивна позајмила пари од Драгана Мирковиќ за првиот албум на ќерката.