Љубов и Секс

Жените тешко се вљубуваат но ги оставаат мажите кои ги сакаат?

Жените тешко се вљубуваат но ги оставаат мажите кои ги сакаат?

Модерните жени повеќе би сакале да бидат сингл и среќни, отколку несреќни во врска со погрешен маж.
Велат љубовта не познава за ограничувања, но сепак илјадници врски завршуваат секој ден.
Еве кои се најчестите причини зошто доаѓа крај иако некого сте сакале безрезервно:

Осаменост
Ако жена е во врска, но сепак се чувствува осамено, ќе си замине. Без љубов и поддршка од партнерот таа не може да го достигне својот целосен потенцијал.

Недостиг од почит
Некои луѓе имаат проблем да им ги признаат достигнувањата на партнерите. Кога жена минува часови и часови со еден маж, а тој воопшто не ја слуша и не се интересира за неа и нејзините успеси, нема изговори. Потребни се напори од двете страни за една врска да успее.

Недостиг од секс
Повеќето жени сакаат комплетна интимност, а тоа е невозможно да се достигне ако сексот стане рутина. Спонтаноста е синоним за романса, па ако мажот не е заинтересиран за партнерката, тоа не е ниту романтично, ниту секси.

Недостиг на забава
Не е само недостигот на секс проблем, проблем е и недостигот на спонтаност и забава во врската. Ако поради дневните рутини мажот ја запоставува партнерката и не внесува новости, тогаш таа ќе се чувствува презаситена од својот моментален живот и ќе направи промена.

Недостиг на ментална конекција
Многу модерни жени сакаат мажите да ги ценат поради работите што ги кажуваат и работите што ги прават во животот. Во модерниот свет за жените не постои неопходност за да се омажат, туку само желба, па ако не чувствуваат ментална конекција со него зошто би се осудиле на живот со него?

извор: екран.мк

 

To top