Според резултатите од истражување на онлајн страницата за состаноци eHarmony, дури 64 проценти од мажите се во врска со жени кои делат слични особини со нивните мајки.
Истражувањето е темелено на тест за карактеристики кои се занимаваат со психолошка процена на мажот, нивната партнерка и нивната мајка. Споредени се дури 18 клучни особини на мајките и партнерките за да се открие во колкава мерка се слични една на друга.
Крајните резултати покажале дека некои од особините кои мажите најмногу ги ценат се нивото на толеранција, односно почитта и вреднувањето на туѓото мислење без оглед на разликите. Веднаш потоа следи важноста на моногамијата и подготвеноста да се има чувство за сочувство кон другите.
„Резултатите од нашето истражување во целост се ускладени со еволуциската психологија. Добро е познато дека сме склони да се зближуваме со луѓе кои делат слични особини со нас и во различни степени, настојуваме повторно да ги воспоставиме нашите односи со родителите“, објаснува Рејчел Лојд, експертка за односи.
Таа додава дека воопшто не е чудно што мажите ги привлекуваат жени кои имаат слични вредности со нивните мајки.
извор: Кајгана.мк