Истражувачите утврдиле дека кога мажот се труди да ја насмее жената, таа повеќе е заинтересирана за него во романтична смисла. Но, не важи истото кога жените се трудат да бидат духовити.
Знаеме дека духовитоста кај мажите многу се цени и дека хуморот е исклучително силно оружје кај припадниците на посилниот пол во заведување на жените. Но, што се случува во обратна ситуација? Мажите често знаат да кажат дека сакаат духовити девојки, но новото истражување на Универзитет во Канзас, покажува дека тоа не е баш така.
Истражувачите го потврдиле првиот заклучок: колку мажот раскажува повеќе вицови кои им се смешни на жените, поголема е веројатноста дека таа ќе оствари физички контакт со него. Но, кога жената ќе раскаже виц на кој мажот се насмеал, тоа не ги зголемува шансите за врска.
Во неколку експерименти, волонтерите биле замолени да ги простудираат профилите на некои странци на Фејсбук и да ги оценат нивните квалитети. Потоа се организирани неколку сосатноци „на слепо“, на кои партнерите разговарале 10-на минути. Истражувачите подоцна ги анализирале разговорите и заклучиле дека кога мажите се трудат да ја насмејат жената, таа повеќе е заинтересирана за нив во романтична смисла. Но, истото не важело кога жените се труделе да бидат духовити.
Научниците дошле до уште еден заклучок, а тоа е дека жените го поврзуваат хуморот со екстровертност, а не со интелигенција. Претходно претпоставката била дека жените ги привлекуваат духовити мажи. Бидејќи верувале дека тие типови се интелигентни. Новата претпоставка е дека жените сакаат духовити мажи бидејќи мислат дека врската со нив може да им биде забавна, а животот полесен.
извор: точка.мк