Радио Милева ВИП на еден (роден)ден

На Снеже Велков роденденот и го честитаа со смајли торта, песна за неа, срце од рози и честитка во сите пози… Еве и од кого!? (ФОТО)

На Снеже Велков роденденот и го честитаа со смајли торта, песна за неа, срце од рози и честитка во сите пози… Еве и од кого!? (ФОТО)

Македонската ТВ водителката и пилатас инструкторка Снеже Велков имаше убав повод за славење. Беше супер ВИП на најважниот ден – нејзиниот роденден. 37-ми по ред. А за 37-мицата си посака уште само 7 сантими… 37 ќе беа претеризам. Да порасне, тоа и беше желбата… уште за седум сантиметри!

„37-ица.Ќе те памтам.Заради сите овие насмеани и убави лица со искрени чувства преточени во радост.За мене.Фала ви“ – напиша русокосата убавица на својот Инстаграм профил, заблагодарувајќи се роденденот, а еве и кому и зошто!?

Очигледно, најпријатно ја израдуваа девојките од нејзината пилатес група. Нејзината „женска пилатес банда“ и приреди изненадување.

Цвет, балони и специјално напишана песна за неа… Стихови за нивната пилатес принцеза,преточени во „Песна за Снеже“, со која „сите згодници нејзини во еден глас и посакаа среќен роденден во тој час“...

„Па тоа е Снеже, херојот наш, мора да е среќен човек нејзиниот маж“ – вели еден стих од песната. А роденсденската честитката не само во стихови, туку и во сите пози…

Но, да не се разбереме погрешно, не онаа од сопругот… За неа малку подоцна. Оваа од нејзината „женска пилатес екипа“  во вид на испишано „Хепи Брдеј“ на нивни начин, што тешко може да се опише, ако не се види.

А честитката од сопругот? Е, дома е друго! Или прво? Огромна смајли торта за вечно насмеаната русокоса дама…

…И огромно срце во кутија со 37 црвени рози… за Вас мадам!

Снеже Велков супер ВИП на својот роденден! За домашното „афтерпарти“ – прашајте ја водителката!

П.С. Спомна некој пози?

 

To top