Ако сте фин и љубезен дечко, а девојките, наместо по вас, трчаат по некој насилник, сигурно се прашувате: дали е можно девојките навистина да сакаат кретени?
Да кажете дека жените сакаат кретени е можеби и премногу. Како и да е, девојките реагираат подобро на нив отколку на фини момци. Да се однесувате како кретен кон девојките може да има добри резултати. За да се разбере овој феномен, мора прво да се тргнат сите морални вредности настрана и да се разберат емотивните реакции на жените. Факт е дека џентлеменското однесување се смета за морално, а насилното за некултурно. Меѓутоа, емоциите не се водат од моралот, нашите ставови и психолошки потреби ги предизвикуваат. Ако се земат во предвид овие фактори и однесувањето на лошите момци, тогаш лесно е за нив да предизвикаат позитивен ефект со нивното однесување.
Првата причина зошто ова е вистина е фактот дека нивното однесување воопшто не е љубезно, меѓутоа, покажува дека таквите луѓе зрачат со самодоверба. Кретените се доволно сигурни во себе за да имаат такво однесување и да не чувствуваат потреба да се извинат за тоа. Девојките се програмирани добро да реагираат на покажување самодоверба и моќ, затоа, многу полесно “паѓаат” на кретени заради нивното однесување. Самодовербата е силен афродизијак.
Втората причина зошто лошите мажи се попривлечни за девојките е тоа што тие имаат храброст да го добијат тоа што го сакаат. На пример, една девојка може да сака и кретени и фини момци, меѓутоа, додека финиот дечко користи љубезен начин да и се додвори на девојката, кретенот нема време за тоа, и за тоа лесно ја добива. Кретените не се плашат да флертуваат и да ги изразат нивните сексуални намери. Тие можат дури да бидат и нападни и помалку агресивни, но, се додека внимаваат на границата, на девојките им изгледаат како забавни момци.
Сево ова не треба да значи дека единствениот начин да се дојде до девојка е лошото однесување како кретен. Во секој случај, од овие луѓе можат да се научат многу работи. Направете комбинација од двата типа и секоја девојка ќе биде ваша.