Врската помеѓу мајката и ќерката е особено силна. Освен единствената родителска љубов, таа е и нешто повеќе.
Во своето девојче мајката гледа извесен степен од себе си.
Како и секогаш во основата на секоја добра врска, од каква и да е суштина, е добрата комуникација и довербата.
Доколку сакате да ја задржите таа силна врска помеѓу вас и вашата ќерка би било добро да ги следите следниве препораки:
Повеќе слушајте ја, вашата ќерка има потреба од тоа. Интересирајте се за нејзиниот живот.
Кажувајте и ја својата гледна точка, но не и го наметнувајте своето мислење.
Проштевајте и фалете ја, таа има потреба од тоа. Критикувајте ја но балансирано – соочете ја со плусевите и минусите.
Слободно зборувајте и за секс и за секакви други интимни односи. Нека нема табу теми, но сепак да се пази неприкосновеното лично пространство.
Многу од случувањата и односите со вашата ќерка се сосема природни. Вие колку пати сте и се јавиле на вашата мајка овој месец, колку време сте поминале заедно? Колку од проблемите не сте и ги кажале, водени од најдобри намери? Колку пати реагиравте нервозно на нејзините критики кон вас. И покрај се, нема помалку да ја сакате. Истото се случува и со вашата ќерка. Големиот сценарист Животот просто ги заменува улогите.