Ако сте во врска во која вашиот партнер ве третира совршено кога сте сами, но неговото однесување се менува кога сте во друштво на други, често се прашувате за тоа зошто е тоа така. Можеби ви се чини дека се срами, дека не сака да ве претставу како своја девојка или слично.
Ако ви се чини дека се појавуваат ситуации во кои вашиот партнер воопшто не го интересирате, сигурно се прашувате дали се работи за личност која лаже, која е лицемерна или едноставно која е несигурна
Поради тоа ви нудиме знаци кои би можеле да потврдат дека на вашиот партнер вие, а и вашата врска не му е важна.
1. Заедно сте веќе некое време, но на социјалните мрежи и натаму е сингл
Иако не веруваме во се што гледаме на социјалните мрежи, ако сте во врска веќе неколку месеци, а вашиот партнер на инстаграм или фејсбук се однесува како и натаму да е сам, време е да поразговарате. Запрашајте се дали навистина сте му важни како што мислите или има нешто друго.
2. Се гледате на тајни места или само кај него
Ако сте фан на серијата Сексот и градот, се сеќавате на епизодата во која Зверка ја изнесува Кери во ресторан кој не е популарен и кој покрај тоа е полупразен, додека внатре светлата се пригушени. Кери веднаш сфати за што се работи. Обидете се, ако ви се случи ваква ситуација, да му предложите да се најдете на некое популарно место и следете како тогаш ќе реагира. Ако таа идеја не му се допаѓа, размислете за својата врска.
3. Не ве претставува како своја девојка
Ако вашиот партнер не ве претставува на пријателите или колегите како своја девојка, време е да се запали црвен аларм. Ако тој не е нешто што тој сам го истакнува или ако избегнува да се запознае со вашите пријатели, веројатно не сте му важни.
3. Не се држи за рака со вас
Ако вашиот партнер често забрзува, оди пред вас и не ве бакнува во јавност, тоа е уште една во низата причини да размислите за вашата врска. Се чини барем за него дека не се работи за врска која му е важна.