Зачнувањето може да биде забавен процес, но многу парови чувствуваат напнатост и стрес во тие моменти. Најдоброто нешто што може еден пар да го направи кога сака да создаде семејство е да се релаксира и да ужива во времето поминато под чаршафите.
И мажот и жената треба да бидат расположени за секс и да не ја прескокнуваат предиграта. Бакнувањето и еротските масажи ги стимулираат ерогените зони и предизвикуваат сексуална возбуда. Кога атмосферата е доволно жешка, практикувањето на следните пози може да придонесе за успешноста на процесот на правење на бебе:
- Мисионерската поза. Родителите и експертите се согласуваат дека позата кога жената лежи, а мажот е над жената ја зголемува веројатноста за зачнување. Таа поза овозможува длабока пенетрација и поголема блискост и интимност помеѓу партнерите, па затоа и е најдобра.
- Кучешката поза. Позите кои му овозможуваат на мажот длабока пенетрација одназад се одлични за зачнување. Без разлика дали жената е потпрена на рацете и нозете или пак е легната, со оваа поза спермата достигнува подлабоко. Оваа поза предизвикува и поинтензивен оргазам кај мажите.
- Легнати настрана. Двајцата легнуваат настрана во иста насока, при што мажот е одназад. Оваа поза, освен длабоката пенетрација, им овозможува на партнерите да бидат релаксирани и со тоа да го потпомогнат зачнувањето.