Вистина е дека бракот е тежок и бара постојана работа, труд и компромиси, но понекогаш и тогаш нема гаранции. Во времето во кое живееме, стапката на разводи вртоглаво расте, а некои извештаи покажуваат дека 40 до 50 отсто од брачните парови на крајот ќе се разделат. Дополнително, стапката на разводи за оние кои повторно ќе се венчаат е уште поголема.
Сепак, не е се така црно. Многу луѓе уживаат во среќни и успешни бракови и врски, а кога се во прашање мажите, постојат некои особини кои ги споделуваат сите мажи во среќни врски и бракови. А тоа го научи семејниот психотерапевт Фран Валфиш низ годините и годините на работа со брачни парови.
Тие се самосвесни
Способноста да се разберете и прифатите себеси е клучен елемент во секој брак. Како прво, кога некој ќе може јасно да ги разбере и изрази своите мисли и чувства, тогаш партнерот подобро ќе го разбере.
Покрај тоа, таквите луѓе, исто така, имаат подобра свест за сопствената тенденција да, да речеме, да станат одбранбени во некои ситуации и нема толку брзо да ги обвинуваат другите за нивните навики и постапки.
Се работи за тоа да се разберат себеси и своите постапки, а во бракот тоа е од клучно значење.
Тие добро комуницираат
Добрата комуникација вклучува разговор за чувствата, особено кога има некои несогласувања во бракот.
Се разбира, тоа е полесно да се каже отколку да се направи, а кога ќе се појават несогласувања и тензиите меѓу партнерите почнуваат да растат, на повеќето луѓе им е тешко да слушаат без да ја прекинуваат, осудуваат или обвинуваат другата личност.
Во тие моменти, важно е да се запре и добро да се пренесе секој проблем бидејќи, како што вели Валфиш, „разговорот е лепилото што ги поврзува односите и луѓето“.
Тие го разбираат својот партнер
Волфиш вели дека на мажите во успешни бракови им треба време да научат и да разберат како нивните сопруги се чувствуваат и реагираат и како тие го гледаат светот.
Можеби ќе биде потребно време, а тие веројатно ќе грешат и ќе научат од нив, но на крајот ќе научат што ги нервира нивните партнери и што ги прави среќни.
И најважното – се трудат да го разберат партнерот и колку и да е понекогаш тешко, никогаш не се откажуваат.
Извор: Попара.мк