Љубов и Секс

Шест проблеми кои ќе ја нарушат врската или бракот исто колку и изневерувањето

Шест проблеми кои ќе ја нарушат врската или бракот исто колку и изневерувањето

1. Лажење и криење работи од партнерот

Дури и ако го лажете партнерот за да ги заштитите неговите чувства, криењето на проблемите може да резултира со губење на довербата. Ако криете некои детали затоа што мислите дека може да го повредат, веројатно треба да престанете со тоа однесување. Експертите советуваат да градиме односи во кои можеме да и кажеме на другата страна – сè.

2. Задржување на нежност и внимание

Недостатокот на нежност ќе ја натера другата страна да се посомнева дека нешто не е во ред. Со текот на времето, овој сомнеж ќе се претвори во голем проблем кој, исто како и лажењето, доведува до недостаток на доверба.

3. Тивко негодување

Криењето на вашите вистински чувства од партнерот не е добро за врската. Колку подолго го чувате незадоволството во себе, толку се поголеми шансите тоа да биде причина за вашето раскинување.

4. Одбивање на компромис

Силната позиција на одредена тема може да биде знак за одлучен карактер, но проблемите настануваат кога едниот партнер одбива да ги слушне аргументите и желбите на другата страна и не сака да се согласи на компромис. Поединците кои ги прават работите исклучиво „на свој начин“ и не се подготвени на компромиси, всушност се во врска со – самите себе.

5. Зборување „од високо“

Покровителскиот тон нема место во квалитетна врска, се согласуваат експертите. Гордниот однос на едната страна покажува дека целта на поединецот е да се најде во помоќна позиција, што во никој случај не е знак за здрава заедница на еднакви партнери. Не само што ваквото однесување ја уништува самодовербата на другата страна, туку го разоткрива и чувството на инфериорност кај личноста која користи покровителски тон.

6. Останување во врска од погрешни причини

Сакате да раскинете, но не се осмелувате поради тоа што ќе кажат другите? Плативте заедничко патување и не сакате да го пропуштите иако партнерот повеќе не ве сака? Дали мислите дека лошата врска е подобра од никаква врска? Без оглед на тоа кое сценарио е најблиску до вас, да останете во врска која не ви одговара не е фер кон вас или кон вашиот партнер.

Извор:Попара.мк

To top