Ако мислевте дека жените се подобри и не им е важен физичкиот изглед, се лажете.
Новото истражување покажало дека и жените и тоа како ги загледуваат мажите.
Со оглед на тоа дека е лето и е време за на плажа, она што жените најпрво го забележуваат кај мажите се стомачните мускули, а на второ место е лицето.
Така ако имате затегнат стомак слободно може да се прошетате на плажа и бидете сигурни дека секоја жена ќе ги забележи.
После лицето, според ова истражување жените преминуваат на посматрање на рамената и бицепси, а на крајот доашаат и очите, насмевката и висината.
На првиот состанок пак жените обрнуваат внимание на рацете и ноктите, па затоа потрудете се да ви бидат уредни и исечени ноктите.