Една неодамнешна студија откри 20 златни правила за успешна и среќна врска! Дали се согласувате?
Едно истражување на некои им ги „отвори очите“ и откри колку често паровите треба да имаат интимни односи за нивната врска да трае долгорочно.Исто така открива и кој број е едно од мерките за среќна и исполнета врска.
Брачните парови кои биле заедно една деценија или повеќе пријавиле колку често имаат секс,а според 2.000 учесници, најдобриот број кога разменувале страст во кревет бил седум пати месечно.
Исто така,студијата укажа на други тајни на среќни и долгорочни врски.На прво место, повеќе од половина од испитаниците истакнале дека заедничката забава им е најважна, околу 64 отсто.Тие вклучуваат активности што паровите ги прават како пар. Околу половина веруваат дека за успешна врска е важно кога партнерот знае да ги признае грешките,како и да се поддржуваат еден со друг.Исто така, половина од испитаниците сметаат дека компромисот е од големо значење!
Погледнете ја деталната листа:
1.Заедничка забава – 64%
2.Кога некој ќе направи грешка да признае- 51%
3.Се штитат меѓусебно – 50%
4.Компромис – 50%
5.Без тајни – 43%
6.Шеги и смеа – 42%
7.Постојано кажувајќи „те сакам“ – 42%
8.Имаат иста смисла за хумор – 41%
9.Никогаш не се обидуваат да променат партнери – 36%
10.Редовни интимни односи – 32%
11.Можност да плачете еден пред друг – 27%
12.Поделба на домашни работи – 26%
13.Сличен сексуален нагон – 24%
14.Сакаат исти ТВ емисии – 20%
15.Готвење заедно – 17%
16.Одделни банкарски сметки – 16%
17.Исто време на спиење – 15%
18.Телефон без код – 10%
19.Простување на неверство – 5%
20.Посебни кревети – 5%
Извор: Попара