Љубов и Секс проверете си!

Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+)

Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+)

Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му кажувате на партнерот што сакате. Ако, пак, не обрнувате внимание на печатните грешки, веројатно не ви е многу важна интимноста помеѓу вас и партнерот.

Можеби знаете дека начинот на кој ги пишувате пораките открива многу работи за вас, како екстровертност или познавање на граматиката.

Но, веројатно не знаевте дека начинот на кој пишувате пораки зборува многу и за тоа какви сте во кревет.

Па, што открива вашиот стил на допишување за вашиот секусален живот?
Како користите емотикони?

Дали користите многу емотикони? Ако вашиот одговор е „да“, ова е знак дека сакате да ги искажете емоциите на други начини, покрај зборовите. Ова значи дека најверојатно сте гласни во кревет.

Ако емотиконите не се ваш начин на комуникација, голема е веројатност дека вашиот партнер не знае што навистина чувствувате додека водите љубов.

Не користите проверка на правопис

Ако не ви е важна граматиката додека пишувате пораки, веројатно не ви е важна интимноста помеѓу вас и партнерот за време на секс.

Кратки или долги пораки?

Ако сте љубител на долги пораки (како еден цел пасус), ова може да биде знак дека сакате долга предигра.

Меѓутоа, ако сакате многу кратки пораки – оние со само еден збор, тоа значи дека сте многу директни.

Користите многу кратенки

Ова може да биде показател дека барате забава додека водите љубов. Ова е често добра особина, затоа што имате тенденција да создадете удобна и опуштена атмосфера.

Бројот на пораки што ги испраќате секој ден
Кој е вашиот број? 10? 50? Уште повеќе?

Колку повеќе пораки испраќате секој ден, толку повеќе внимание навистина сакате во кревет.

Испраќате слики во пораки

Ако испраќате многу слики преку пораки, очигледно сте визуелен тип, што подразбира дека генерално ги држите очите отворени додека водите љубов, затоа што сакате да ја набљудувате и проучувате секоја реакција на партнерот.

Ако, напротив, никогаш не испраќате слики, многу е веројатно дека сте срамежливи и водите љубов со исклучени светла.

Пишување доцна во ноќта

Некои луѓе сакаат да пишуваат пораки среде ноќ. Што значи ова?

Ако припаѓате на групата луѓе кои не се двоумат кога да испратат порака, веројатно сте секогаш подготвени за акција – во секое време, на кое било место.

 

извор: crnobelo.mk

To top