Радио Милева насмевки, прегратки и нежни погледи

Брачната идила сѐ уште трае! Сека Алексиќ со фотографија докажа дека гласините за развод не се точни (фото)

Брачната идила сѐ уште трае! Сека Алексиќ со фотографија докажа дека гласините за развод не се точни (фото)

Сека Алексиќ на својот Инстаграм профил го сподели изненадувањето што му го приреди на сопругот за неговиот 40-ти роденден и со тоа ги демантираше гласините за развод.

Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ со години важат за еден од најскладните познати парови, па токму поради оваа причина многумина беа изненадени од веста за несогласувања во нивниот брак.

Следеа приказни дека пејачката и таткото на нејзините синови се разведуваат откако долго време не се појавуваа заедно во јавноста, а на нејзиниот Инстаграм профил немаше заеднички фотографии на кои често објавуваше семејни моменти.

Покрај тоа, таа оди на настапи и речиси на сите патувања со нејзиниот уметнички директор и стилист, што уште повеќе ги подгреа озборувањата.

Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ не сакаа да ги коментираат овие наводи, а сега преку споменатата социјална мрежа стигна потврда дека се е во совршен ред во нивниот брак.

– Среќен роденден. Тато наполни 40 години – му напиша пејачката на својот сопруг во описот на заедничката фотографија која ја открива сета убавина на нивната семејна идила.

Меѓутоа, она што на сите им паднало во очи се нивните насмевки, прегратки и нежни погледи кои доволно зборуваат за хармонијата во нивната врска и затоа сите шпекулации за нивните нарушени врски паѓаат во вода.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сека Алексиќ/Ата Имаџес

To top