Радио Милева Бомба

Неда Украден ја отвори бикини сезоната: Пејачката се соблече и позираше пред базен (фото)

Неда Украден ја отвори бикини сезоната: Пејачката се соблече и позираше пред базен (фото)

Пејачката Неда Украден е позната по својата виталност и младешки дух, а сега реши да се пофали со фигура на која може да и позавидат многу помлади дами.

Неда моментално го поминува времето со внуците во својата семејна куќа која неодамна ја реновирала и поставила базен во дворот, а таа станала вистински мал рај и за неа и за нејзините наследници.

Неда сега позираше пред базен во розов костим за капење и ја покажа својата фигура на 73 години.Пејачката носеше голема капа во иста боја како и нејзиниот костим за капење, но и очила за сонце.

– Отворање на сезоната 2023 – напиша Украден покрај фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Нејзината витка линија воодушеви многумина, а набрзо следеа многубројни коментари: „Кралица“, „Жена змеј“, „Секоја чест“…

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Неда Украден

 

To top