Рускиот психолог Каролина Сафина која е специјализиран за женската психа и проблеми кои го мачат понежниот пол, неодамна се осврнала на честото тежнеење на дамите да бидат покрај успешен, самоуверен маж.
Многу од жените се убедени дека е потребно да бидат убави, негувани и женствени за да привлечат внимание кај таков маж, вели Сафина, но всушност, како и во секој друг однос, нејзините внатрешни квалитети и ставови играат клучна улога во тоа.
1. Внатрешна светлина и добра енергија
Жените кои немаат црни мисли за минатото, огорченост поради минати врски, бескорисна вина, стравови, категоричност… Сето тоа придонесува во одредена „тежина“ на личноста, умна сериозност и старост. Сите овие особини дури и од младите, убави девојки можат да направат жени уморни од животот. Дури и доколку има само 25 години, во неа се чувствува тежина и умор, како непрекинато да е заглавена во минатото, наместо да живее денес и да прави планови за иднината.
2. Цврст, изразен карактер
Главната особина која во животот ни помага да направиме вистински избори и да одиме кон целта е рационалноста. Рационалните жени не носат одлуки врз основа на емоциите, туку во нив го вклучуваат и својот разум. Кога логиката е присутна, ние можеме да ги согледуваме критички работите, што значи дека се намалува можноста за разочарување. Односно, доколку мажот е лудо вљубен, паметната жена нема да му верува на зборовите туку на делата.
3. Здрава себичност
Жените кои негуваат здраво ниво на себичност нема да го прават она што им е неисплатливо и непријатно, тие ќе го прават само она што знаат да го користат на подолги патеки и во иднина. Тие нема да ги возат роднините на аеродром во 6 часот наутро доколку мора да одат на работа во 8 часот. Тие сфаќаат дека тоа е непријатно, па без размислување и чувство на вина ќе им понудат да им викнат такси.
4. Јасен фокус кон целта
Тие никогаш не размислуваат за тоа што другите мислат за нив, имаат свое мислење за себе и со тоа се задоволни. Свесни се дека само тие сами можат да си помогнат себеси, доколку нешто им се случи во животот. Затоа најпотребните мисли не одвлекуваат внимание. Тие не настојуваат да им се допаднат на другите затоа што тоа што си се допаѓаат самите на себе им е целосно доволно.
фото: 50 shades of grey