Љубов и Секс

Зошто на жените им се допаѓаат мажи со брада? Истражувањето даде можно објаснување

Зошто на жените им се допаѓаат мажи со брада? Истражувањето даде можно објаснување

Во истражувањето учествувале жени на возраст меѓу 18 и 70 години

Мажите кои имаат брада се сметаат за попривлечни и подоминантни од понежниот пол, покажа истражувањето на Универзитетот во Квинсленд во кое учествувале 919 жени на возраст од 18 до 70 години. Нивната задача била да ги оценуваат фотографиите на мажи без брада, мажи со брада, како и фотошопирани фотографии. Испитаниците ги оценувале потенцијалните партнери и за авантура и за сериозна врска.

Според резултатите, највисоки оценки добиле фотографиите од мажи со изразито машки црти и густа брада, особено кога станува збор за воспоставување долгорочни партнерства и врски.

Но, не сите жени биле фасцинирани од мажите со брада, најчесто поради хигиенски причини, наведувајќи дека брадата собира бактерии. Сепак, карактерот игра клучна улога во привлекувањето на спротивниот пол, а истражувањата покажуваат дека жените во голема мера ја одредуваат личноста и особините на личноста врз основа на нивната брада.

извор:курир.мк

To top