Љубов и Секс

Како да го спасите бракот ако само вие се трудите да опстане?

Како да го спасите бракот ако само вие се трудите да опстане?

Статистиката покажува дека во изминатите години браковите сè почесто завршуваат со развод.

Браковите, како и сите други врски, можат да стигнат до точка кога ќе станат непоправливи. Јасно е дека не сакате вашиот брак да дојде до оваа точка, и ако се прашувате како да го спасите ако сте единствената страна што се обидува, тогаш сте на вистинското место. Ова се совети кои може да ви помогнат.

Прашајте се зошто сакате да го спасите бракот

Понекогаш е тешко да се спаси бракот дури и кога двајцата партнери се трудат да го направат тоа. Затоа, ако сакате сами да го направите тоа, изгледа како невозможна задача. Првиот чекор што треба да го направите во овој случај е да бидете сигурни дека го спасувате бракот од вистинските причини. Прашајте се: зошто сакате да го спасите вашиот брак? Дали сакате да останете заедно заради децата или можеби се срамите што вашиот брак не успеа? И двете од овие причини се погрешни, а единствената правилна е тоа што сè уште го сакате партнерот/партнерката.

Размислете дали вашиот брак може да се спаси

Откако ќе размислите за причините за спасување на бракот, треба да се прашате дали тој воопшто може да се спаси, особено затоа што вие сте единствената страна која се обидува. Брачните проблеми се случуваат во секој брак, но ако врската е здрава, може да се решат. Токсичниот брак е оној што не може да се спаси. Може да се закрпи, но нема да трае долго. Важно е да одредите дали бракот ви носи повеќе среќа отколку тага во животот.

Идентификувајте ги вистинските проблеми

За да можете да ги решите проблемите во вашиот брак, прво треба да одредите кои се тие. Кога безначајните ситници за кои вие и вашиот сопружник не се согласувате се претвораат во големи расправии, треба да дојдете до коренот на проблемот. Постојат два вида проблеми во бракот: нерешливи (или многу тешки за решавање) – злоупотреба, зависности, неверство и решливи – проблеми со пари, комуникација, недостаток на интимност. Кога ќе ги идентификувате вистинските проблеми, ќе знаете дали може да се решат или не.

Сфатете што е тоа што нема да ви помогне да го спасите бракот

Присилувањето на вашиот сопружник да остане, ако тоа не е она што тој/таа го сака, може само да ја оддалечи личноста од вас. Секој потег што ќе го направите што може да ја натера да се чувствува принудено или измамено да остане покрај вас, нема да ви го донесе среќниот брак за кој сонувате. Затоа мора да имате на ум што е тоа што нема да ви помогне во вашата мисија. Поради оваа причина, не треба да користите лаги или манипулации од кој било вид. Во никој случај не треба да го уценувате сопружникот да остане покрај вас, ниту пак да предизвикате да ве сожалува.

Работете на себе

Исклучително е важно да разберете дека двете страни во бракот се виновни за проблемите во него. Поради оваа причина, важно е да го прифатите вашиот дел од одговорноста. Не размислувајте само за тоа што би сакале да промените кај вашиот сопружник, туку прво тргнете од себе и вашето однесување. Треба да сфатите што е тоа што го правите што ја уништува вашата врска. Со менување на вашето лично однесување, ќе му дадете пример на вашиот партнер како треба да се однесува.

Извор: Кајгана

To top