Еве што вели науката.
Секој млад пар на почетокот ужива во љубовта, забавата и огнените акции во креветот, но по долг престој со една личност страстите се намалуваат, а интимноста станува ретка физичка активност за повеќето парови. Тоа најчесто се случува поради досада и заситеност, па паровите полека се оддалечуваат еден од друг.
Затоа многумина често прашуваат „дали е подобра врската, ако интимниот однос е подобар?“.
Одговорот е да.
Многу научници се позанимавале со ова прашање и сакале да откријат дали редовниот интимен однос е навистина толку важен и дали тоа води до подобрување на односот и врската.
Спроведени се бројни истражувања кои опфатиле голем број мажи и жени и сите се согласиле дека врските се многу подобри кога во приказната е вклучено и водењето љубов. Кога интимноста е редовна, паровите стануваат поблиски и нивната врска станува интересна и жешка, што доведува до возбуда и зголемена љубов и затоа врските се подобри.
Паровите кои имаат редовни интимни односи велат дека помалку се расправаат, подобро се разбираат и дека сè им е полесно, додека оние кои имаат интимни односи само неколку пати месечно велат дека се чувствуваат нервозно и се прилично агресивни.
Значи, ако имате турбулентни моменти во врската или бракот, тогаш поработете малку на љубовниот дел и ќе видите дека работите ќе се смират.
Извор: Попара.мк