Љубов и Секс

Се плашат и ги избегнуваат: Мажите ги избегнуваат овие типови жени!

Се плашат и ги избегнуваат: Мажите ги избегнуваат овие типови жени!

Машко-женските односи секогаш се тема за која може да се разговара. Сепак, постои едно прашање кои ги измачува жените, зошто им е тешко да најдат партнер со кој можат да имаат квалитетна и среќна врска.

Психолозите имаат објаснување за ова. Велат дека постојат видови однесувања кои мажите можат да ги поднесат, но и видови однесувања поради кои се плашат од жените.

 

Ова се некои од типовите жени кои мажите ги избегнуваат:

 

Премногу таинствени жени

Кога жената се однесува премногу мистериозно, а потоа ја снемува неколку дена без објаснување – не се јавува на телефон или во последен момент откаже договор, тоа нема да го толерира ниту еден маж. Без разлика колку му се допаѓа жената.

 

Жени со превисоки очекувања

Ваквата жена никогаш не може целосно да биде задоволена или среќна. Секогаш ќе ја префрла одговорноста за нејзиниот живот на партнерот. Ако мажот не ги исполни нејзините очекувања ќе следат викотници и префрлање на вината.

 

Не е лесно постојано некого да го усреќувате и живеете според неговите очекувања. Затоа, мажите најчесто избегнуваат вакви жени.

 

Емоционално нестабилни жени

Ваквите жени обично од мува прават слон, живеат од скандали. Прилично се токсични бидејќи ја цицаат енергијата на луѓето околу нив. Колку повеќе создаваат вакви ситуации, толку подобро за нив. Способни се одеднаш да заплачат, а по некоја минута да се смеат како ништо да не се случило.

 

Многу е тешко да имате близок и долготраен однос со ваква личност бидејќи не е јасно што може да очекувате од неа во следниот момент.

 

Жени кои омаловажуваат мажи

Мислат дека сѐ можат сами да направат и знаат најмногу од сите. Лесно ќе ги препознаете бидејќи нивните фрази најчесто се од типот на „јас ќе го поправам ова, тебе не те бива“ и слично.

 

Исто така, мажите обично веднаш ги забележуваат на првиот состанок кога велат дека сами ќе си платат за себе, затоа што не сакаат да му должат нему.

 

И овие жени длабоко во себе сакаат љубов и грижа, сакаат да се опуштат и да престане целиот товар да биде на нив, но поради непријатни искуства во минатото повеќе немаат доверба во мажите и не очекуваат некаква помош од нив.

 

Вечно љубоморна, со желба за контролирање

Ваквата жена постојано сака да гледа што се случува со „нејзиниот“ човек, кој го доживува како нејзина сопственост. Почнувајќи од неговата облека, до неговите пријатели и работата, таа сака сѐ да биде под нејзина контрола.

 

Истовремено, ќе биде љубоморна на секоја жена која тој ќе ја погледне. И се разбира, кој нормален човек би дозволил вакви ограничувања?

 

Жена која постојано се жали

Ваквите жени секогаш имаат лоша работа, неудобни чевли, премногу се дебели/слаби, не можат да си го најдат совршениот маж и слично, темата е неисцрпна.

 

По разговор со таква жена мажот има чувство дека таа е осамена и несреќна. Нејзината негативност едноставно ја гасне желбата во него тој да биде со неа.

Извор: Попара.мк

To top