Не за џабе е кажано дека мајчинството е најубавото нешто што може да го доживее и искуси една жена.
Искусните мајки што имаат две или повеќе деца, машки или женски, само потврдуваат дека со секое од нив е разлинчно, поинакво, а доживувањето секогаш магично, иако понекогаш стресно и напнато, но за тие ангели се поминува низ се’.
Ежење од убаво, многу насмевки, прегратки, солзи од среќа или едноставно кажано топење од убаво е за пејачката Елена Миленковска и нејзниниот сопруг и колега Гуте Mаринковиќ.
Плод на нивната љубов најпрвин беше синчето Максим, а годинава и нивната мала принцеза Миона која направи најубава целина на нивната љубовна приказна.
View this post on Instagram
Елена постојано споделува како изгледа нејзиното мајчинско секојдневие, а со последната објава ги растопи од убаво и следбениците, особено мајките.
Ритуалите мајка- бебе кај сите се различни, но некои и слични едни на други. Па така, малата Миона сакаше да се гали со мама, а со својот инстинкт за цицање сакаше малку и од лицето да ја вкуси мама.
Елена само се смееше и топеше од овие волшепства мали за кои вреди да се живее! Ден по ден, месец по месец, Миона си расте, а Елена вели деќа ќе си „пукне“ од среќа.
Кога животот се цени во вистинска смисла, а навидум „малите“ нешта се вистински најголеми, тогаш е видливо богатството дадено од Бога!
фото:Инстаграм принтскрин/Елена Миленковска