Идејата дека за добар и долготраен брак е потребна само љубов е замка. Во повеќето случаи, бракот пропаѓа поради неусогласени вредности и мислења. Ако ова недостасува, не можете да најдете заеднички јазик.
За да избегнете разочарување, според брачната советничка и терапевтка Лаура Миола, треба да се соочите со пет тешки вистини пред да стапите во брак.
1. Бракот е договор
Бракот е законски договор – ни повеќе, ни помалку. Обврзува две лица во однос на правен статус и имот. Историски и традиционално, брачните договори биле од економска природа. Имотот на жената бил пренесуван на мажот, а жената станувала законска сопственост и одговорност на младоженецот, поради што невестата традиционално го земала презимето на младоженецот.
„Многу луѓе ги знаат сите овие стари обичаи и мислат дека тие не се релевантни денес, но подобро прашање е зошто овие традиции се присутни на свадбените прослави и денес“, тврди Лаура.
2. Бракот има мрачна историја
„Од барбики со ‘идеални’ пропорции, принцези од анимирани филмови до модели во женски списанија, ни се сервира верувањето дека нашите тела се повредни од нашиот ум“, вели терапевтката, додавајќи дека поради тоа на жените им е важно што мислат другите за нив. Сите овие социјални пораки го девалвираат нивното постоење.
Испраќа порака дека на жените им треба маж кој ќе ги сака, ожени и штити.
„Сето ова ги одржува таквите мислења во општеството. Резултатот се нееднакви плати, мислење дека жената треба да работи повеќе домаќински работи од мажот и слично“, вели таа.
3. За брак треба многу повеќе од љубов
Идејата дека љубовта е сè што ви треба за добар и долготраен брак е замка. Во повеќето случаи, бракот пропаѓа поради неусогласени вредности и мислења. Ако ова недостасува, не можете да најдете заеднички јазик и да постигнете заеднички цели.
Љубовта е важна, но вистинскиот рецепт за успешен брак е посветеноста, ценењето, довербата, почитта и привлечноста. Двајцата партнери треба да ги промовираат овие вредности подеднакво секој ден.
„Треба да престанеме да им го продаваме на идните генерации митот дека љубовта е вистинската основа на бракот“, вели таа.
4. Во бракот нема пола-пола
„Уште од феминистичкото движење се вели дека жените се еднакви со мажите и дека можат да имаат сè: деца, дом, семејство и кариера. За жал, светот сè уште не функционира така“, вели Лаура.
Од жените сега се очекува да имаат професионална кариера, да имаат деца, да ги одгледуваат и да се грижат за домашните работи. На крајот, сите мислат дека мажите и жените вложуваат ист труд во врската, но тоа обично не се случува.
5. Доследноста во ветувањата е поважна од бракот
Односите функционираат добро ако се присутни заеднички вредности и посветеност. Она што сопружниците си го ветиле пред да се венчаат треба да се чува секој ден. Посветеноста кон вашиот сопружник е вистинска демонстрација на љубов. И за жал, често недостасува.
Извор: Кајгана.мк