Девојката по име Тејлор Херд неодамна предизвика голема реакција на Интернет откако изјави дека постои наука која утврдува кога мажите одлучуваат да се венчаат – и тоа нема никаква врска со заљубувањето.
Херд откри „теорија“ на социјалната мрежа ТикТок и вели дека мажите се женат само кога се подготвени за тоа. Инаку, оваа теорија ја слушнала од пријателка кој е свадбен фотограф и често е блиску до младенците.
-Таа очигледно била на многу свадби и забележала дека мажите се женат во време кога биле подготвени да се венчаат. Тоа не е нужно сродна душа на мажот или љубовта на неговиот живот. Тоа е само девојката со која тој се забавувал во времето кога бил подготвен да се ожени и да се смири, вели таа, додавајќи дека кога мажот ќе одлучи дека е финансиски и емотивно подготвен да се смири и да основа семејство, тој зазема поинаков пристап кон жените.
По нејзиното тврдење, набргу се огласија и некои мажи.
-Не е вистина. Направив се за да ја вратам жената со која сакав да се оженам. Одбивам. Никогаш нема да се оженам за жена што не е вистинска. Нема ни да излегувам со жена ако моето срце сака друга, беа само дел од коментарите на мажите.
Што мислите вие?
Извор: Курир.мк