Женската долна облека има афродизијачко дејство кај некои мажи. Повеќе од половина од оние кои учествувале во истражувањето на британски ланец продавници изјавиле дека жените кои носат непривлечна долна облека автоматски им се помалку привлечни.
Резултатите од ова истражување покажале дека посилниот пол не ги сака жените во корсети, ниту пак ги интересираат градниците. Судејќи по ова, најмногу внимание посветуваат на гаќичките, но спротивно на очекувањата, само 19 отсто од нив сакаат да гледаат танга кај партнерката.
Дури 40 отсто од нив изјавиле дека повеќе сакаат жени во боксерки.
Пред испитаниците биле поставени фотографии од петте најпопуларни модели на женски гаќички: ретро гаќички со висок струк – таканаречените баба гаќии, класични гаќички, памучни танга, секси танга и плитки боксерки.
По боксерите, најмногу мажи, околу 34 отсто, гласале за памучни танга, минијатурните танга добиле 13 отсто од гласовите, класичните гаќички 12 отсто, а најмалку добиле бабините.
– Она што го носите во спалната соба влијае на искуството на спротивниот пол. Изберете во што се чувствувате добро и во што сака да ве гледа вашиот маж, советувала Емили Бендел, која го организирала истражувањето.
извор:курир.мк