Ова е честа недоумица на многу парови.
За време на бременоста, паровите секако имаат желба за интимни односи, но многумина се прашуваат дали можат да му наштетат на бебето.
Точно е дека жените имаат поголема желба за секс кога се брремени бидејќи се под влијание на хормоните, а еве дали сексот за време на бременоста е добар или не. Исто така, треба да знаете во кои ситуации да го избегнувате.
Дали интимните односи за време на бременоста можат да му наштетат на бебето?
Проблемите со сексот за време на бременоста може да произлезат од стравот и на трудницата и на нејзиниот партнер дека односот може да му наштети на бебето, да го повреди, да предизвика предвремено породување или крварење.
Потребна е многу љубов и разбирање меѓу партнерите за да се надминат ваквите проблеми, а од суштинско значење е и двајцата да разберат дека, доколку бременоста е нискоризична и нема проблеми кои можат да ја комплицираат, сексот не е забранет за време на истата, и дека тоа е нормална активност во која и двајцата партнери можат непречено да уживаат, почитувајќи ги ограничувањата што ги носи растот на стомакот и бебето.
Машкиот генитален орган не може да му наштети на бебето бидејќи е добро заштитено од матката и плодовата вода, а слузта во грлото на матката ги спречува бактериите и сперматозоидите да влезат во неа. Длабоките пенетрации кои болат треба да се избегнуваат бидејќи можат да предизвикаат повреди, како и пенетрирање со друг предмет.
Кога треба да избегнувате односи?
Сексот треба да се избегнува ако постои ризик од предвремено породување, некомпетентно грло на матката или проблеми со плацентата, како што е ниско всадена плацента или крварење во претходна бременост. Тука отприлика се завршува списокот, а ако вашата бременост не е една од овие високоризични, можете да имате секс до крајот на третиот триместар. Секако, се подразбира дека во секој случај треба да бидете внимателни и да се консултирате со гинекологот кој ја води вашата бременост дали ви е дозволено да имате интимни односи во текот на истата.
Извор: Попара