Љубов и Секс

Раскинување: Кој подобро го поднесува, мажите или жените?

Раскинување: Кој подобро го поднесува, мажите или жените?

Жените, како понежниот пол, се повеќе склони да покажуваат емоции отколку мажите, без разлика дали тоа е случај по раскинувањето, објаснува секс терапевтот Трејси Кокс.

Жени

Кога станува збор за жените, тие често не поминуваат сами низ раскинувањето, туку утеха бараат во разговорите со своите пријателки за да се ослободат од она што ги мачи. Би се рекло дека не знаат да живеат со некој проблем, затоа и полесно им е да не ги држат работите во себе. Поради ова, тие можат побрзо да продолжат со животот и да свртат нов лист.

Што се однесува до идниот сингл живот, жените се потпираат на луѓето околу нив, но ги исфрлаат заедничките пријатели кои ги имале со поранешниот партнер за да не дојдат во ситуација да слушнат за него во фазата на закрепнување.

Првата фаза од раскинувањето е често погубна, полна со болка и повредени чувства, но фазата после тоа е прифаќање на ситуацијата и свртување кон себе. Во таа фаза се појавуваат идеи за промена на фризурата и бојата на косата, како и целокупна работа на себе, што секогаш резултира со поголема самодоверба.

Мажи

Припадниците на посилниот пол, пак, се потпираат исклучиво на себе или на своите сингл пријатели. Не ги искажуваат толку многу емоциите и ги потиснуваат внатре, веројатно верувајќи дека еден ден едноставно ќе исчезнат затоа што им било всадено дека во спротивно ќе изгледаат патетично.

Сепак, ова само го продолжува чувството на тага и на тој начин им треба повеќе време да го преболат самото раскинување. За да не размислуваат за бившиот партнер, често си го одвлекуваат вниманието со нешта како работа. Додека втората фаза на жените е самоспознавање и само-подобрување, физичкиот изглед на мажите со текот на времето се рефлектира како страдање во тишина и непроспиени ноќи.

„021.rs“ заклучува дека жените побрзо знаат кога е готово и дека е време да продолжат понатаму отколку мажите.

извор:попара.мк

To top