Радио Милева Среќен роденден

Синчето на Тамара славеше роденден: Дарен беше во големо друштво заедно со мама и тато, ама нешто подналутен (фото)

Синчето на Тамара славеше роденден: Дарен беше во големо друштво заедно со мама и тато, ама нешто подналутен (фото)

Велат дека мајките имаат втор роденден на денот кога се родиле нивните деца, посебен ден и неописливо чувство.

Таков ден вчера имаше Тамара Тодевска која го славеше роденденот на нејзиното синче Дарен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Пред четири години на половина месец пред дочекот на Нова Година на свет дојде мало бебенце, второ за мама Тамара која уште еднаш го искуси најубавото чувство за една жена.

Времето лета, децата брзо растат, а Дарен веќе наполни четири години.

За овој посебен ден, се’ мораше да биде најубаво и најдобро според желбите на славеникот, да бидат таму мама, тато, дада, другарчињатата, роднините…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

-Среќен роденден сине Да си така насмеан и весел цел живот… Те сака мама, пишува Тамара во видео објавата на Инстаграм каде направи спој од фотографии од денот кога е роден до денес.

На роденденската забава беа сите, ама на Дарен нешто не му беше по ќеиф, па мама се трудеше низ разговор да му удоволи.

Иако пејачката неодамна обзнани дека со сопругот се разделуваат, за роденденот на синчето беа заедно и покрај се’ или можеби одностите се подобриле.

To top