Љубов и Секс

Што се случува со женското тело доколку долго немате интимни односи?

Што се случува со женското тело доколку долго немате интимни односи?

Има вистина во тоа дека интимните врски даваат најголемо задоволство, но покрај тоа тие имаат и големо влијание на нашето здравје, особено на здравјето на жените.

Многумина експерти укажуваат на тоа дека отсуството на интимни односи има одредени последици како на психичкото така и на физичкото здравје.

1. Намалено либидо
Доколку желбата за секс ја чувате во себе и не преземате ништо во врска со тоа прашање, со текот на времето таа ќе исчезне. Доколку сте во врска, тоа може да прерасне во поголем проблем кој само со разговор може да се реши. Нема лек за намалено либидо ниту пак одредени витамини кои можат тоа да го решат, туку само разговор и добра волја.

2. Намалување на вагиналните лубрикации
Оваа појава важи за постарите жени кои во текот на годините поради недостаток на естроген ја губат лубрикацијата и се намалуваат ѕидовите на вагината. Жените од 20, 30 години ги немаат тие проблеми.

3. Опуштање на вагиналните ѕидови
Ова исто така важи за постарите жени и оние кои влегуваат во менопауза. Доколку немаат редовен секс, секој нареден обид може да биде многу болен.

„Доколку постарите жени немаат редовно секс, ѕидовите на вагината се опуштаат, а доколку тие повторно одлучат да имаат сексуални односи тоа може да биде болно“, напоменува д-р Сари Купер, сексуална терапевтка.

4. Болна менструација
Редовните односи ги намалуваат болките кај жената, а кога истите се прекинати менструацијата се влошува и е поболна.

Сексуалната терапевтка објаснува кога жената ќе доживее оргазам таа всушност доживува контракција на матката што доведува до поголемо и побрзо исфрлање на крвта. Доаѓа до повлекување на ендорфин што помага при менструалните грчеви.

Сепак, покрај сите овие наведени работи кои негативно влијаат на состојбата на целокупниот организам, постои и една позитивна работа во сето тоа, а тоа е помал ризик од полово преносливи болести.

Терапевтката напоменала дека не само што се намалува ризикот од добивање полови болести, туку и од инфекции на уринарниот тракт.

„Сексуалниот однос е виновник за зголемување на ризикот од инфекции на уринарниот тракт“, објаснила д-р Штрајхер.

извор:точка.ком.мк

To top