Не боли само губењето на саканата личност и физичката одвоеност, туку и фактот дека сте повредени како личност. Еве пет фази низ кои минувате после секое раскинување на врската, се разбира доколку ви значи лицето со кое сте раскинале.
1. ШОК – Без разлика дали врската ќе ви пукне одеднаш или тоа е резултат на долготрајната тензија, кога навистина ќе раскинете, шокирани сте. Се чувствувате како да ве удрил гром, збунети сте, затечени. Честопати не можете ни да јадете ни да спиете. Оваа состојба на осетливост може да трае од неколку дена до неколку недели.
ТАГА – После шокот доаѓа тагата. Ве притиска чувството на загуба и грижа. Се сеќавате на партнерот, размислувате за смирување и кога ќе сфатите дека од мирењето нема ништо, паѓате во депресија. Оние кои од оваа фаза не можат да излезат и после еден месец, треба да побараат помош од психолог.
ЧУВСТВО НА ВИНА – После првиот налет на болка, за да ја тргнете вината од себе, ја обвинувате другата личност која ве напуштила или пак за раскинувањето обвинувате трети личности. Понекогаш и самите себе се обвинувате. Во оваа фаза може да се јават спротивни чувства.
РЕОРГАНИЗАЦИЈА – повторно почнувате да водите сметка за сопствениот живот. Барате нови пријатели, развивате интерес за нови работи и хобија.
ОСЛОБОДУВАЊЕ – Почнува новиот живот. Конфликтите се совладани, сте си го вратиле мирот. Повторно почнуваат да чувствувате. Тоа е време кога сте способни да побарате нов партнер.
извор:попара.мк