Љубов и Секс

Зошто сексот е најдоброто нешто што може да го направите пред спиење?

Зошто сексот е најдоброто нешто што може да го направите пред спиење?

Убаво размислете: што правите откако ќе си легнете навечер, трудејќи се да заспиете? Читате книга? Слушате подкаст? Скролате на социјалните мрежи?

За среќа, и научните истражувања покажуваат дека најдобра навика пред спиење е  – сексот.

Во едно најново истражување спроведено на 460 испитаници на возраст од 18 до 70 години, 64% од нив рекле дека подобро спиеле ако претходно имале секс со партнерот/партнерката.

Бонус научен факт: Квалитетот на сонот е поголем ако и двајцата доживеете оргазам!

Како сексот помага побрзо да заспиете и да имате поквалитетен сон?

„Додека имате секс, не мислите што ќе правите следниот ден, не чепкате бесцелно низ телефонот, имате многу убаво и потребно оттргнување на вниманието“, изјави доктор Мишел Ластела, специјалист за спиење и сон, за Adelaide Now.

Начинот на кој сексот помага подобро да спиете можно е да биде поврзан и со вашиот пол.

„Кај жените се намалува нивото на естроген после секс, што го засилува REM циклусот за подлабок сон. Кај мажите се лачи хормонот пролактин по оргазам, за што е потврдено дека има поврзаност со поспаноста“, вели психологот Рејчел Нидл, кодиректорка на „Modern Sex Therapy Institutes“.

Извор:Кајгана.мк

To top