Љубов и Секс

Дали мажите навистина сакаат паметни жени?

Дали мажите навистина сакаат паметни жени?

Дали некогаш сте забележале дека некои жени глумат дека се помалку паметни отколку што навистина само за да привлечат мажи?

Ова се случува често низ светот. Студија од 2015 година откри дека жените кои се паметни се помалку привлечни за мажите. Всушност, мажите не преферираат жени кои се попаметни од нив.

И порано се претпоставуваше дека е така, а која е причината навистина е тешко да се каже, особено кога станува збор за меѓучовечките односи.

Интелигентната жена е духовита, способна да ги реши проблемите кога ќе се појават, има успешна кариера и свој живот. За некои мажи тоа може да предизвика непријатност, се наведува во студијата.

И покрај тоа што жените досега имаат многу достигнато и напреднато, мажите уште очекуваат тие да бидат алфа лидери, а жените да имаат споредна улога и да бидат подредени.

Очигледно некои работи не можат да се променат ни во 21 век.

Извор:Кајгана.мк

To top