Можеби ќе ви се чини дека се е совршено во вашата врска, па повторно ќе се изненадите ако не ви одговори на пораките што сте му ги испратиле, а многу е јасно дека е онлајн. Без разлика дали преписката се одвива преку социјалните мрежи, или на апликациите за допишување, ако поминале неколку часа откако сте му ја испратиле пораката, а тој не одговара и очигледно е активен на нив, без сомнение ќе се запрашате што не е во ред.
Пред да го изгубите трпението, да го повикате и да му раскинете, во продолжение дознајте која би можела да биде причината за ваквото однесување.
ВЕЌЕ ВИ КАЖАЛ ДОБРА НОЌ
Ако сте се допишувале со него порано истата вечер и сте го завршиле разговорот, посакувајќи си добра ноќ, со договор дека ќе се слушнете утре, тоа не значи дека мора нужно да ве контактира, доколку е сеуште онлајн. Можеби се срами да ви го каже ова, но можеби разговара со пријател за важна тема (пријател, а не друга девојка) која нема никаква врска со вас и мисли дека нема ништо ново да ви каже, па затоа тој прескокнува да ве контактира.
ЗАФАТЕН Е СО ДРУГИ РАБОТИ
Многу лесно може да се случи да е активен на социјалната мрежа, но несвесно да ги игнорира вашите пораки. Можеби е во процес на разговор со некој друг, а не обрнал внимание на тоа што сте му пишале, па затоа е препорачливо да не донесувате лоши заклучоци премногу брзо. Сигурно ви се случило толку многу да се задлабочите во разговор со некого што не ги забележувате работите што се случуваат околу вас.
НЕ Е БЛИСКУ ДО ТЕЛЕФОНОТ
Може да има уште едно невино објаснување зошто тој не одговара на вашите пораки. Можеби имате впечаток дека телефонот е постојано во неговите раце, но вистината е многу далеку од тоа. Како што можеби заборавил да ја напушти социјалната мрежа преку која сте се допишувале, така можеби останал логиран на неа, но поради некоја итна работа ја напуштил просторијата каде што му е телефонот. Можеби некој дошол да го посети ненајавено и како резултат на тоа тој целосно заборавил на телефонот.
ЕДНОСТАВНО НЕ МУ СЕ РАЗГОВАРА ВО МОМЕНТОТ
Иако звучи лошо, ова можеби нема никаква врска со вас. Можеби во моментов е само во лошо расположение и мисли дека е подобро да не разговара со вас. Можеби е нерасположен поради нешто што се случило на работа, во семејството или се скарал со близок пријател, а не сака да го „гледате“ таков, односно да ви пренесува незадоволство.
извор:popara.mk