Љубов и Секс

Препознајте ги знаците кои ги праќа неговото тело

Препознајте ги знаците кои ги праќа неговото тело

Оваа статија е интересна и важна за сите, кои сакаат да дознаат дали да го подарат срцето на еден маж или да се откажат пред да е премногу касно. Декодирањето на знаците на неговото тело секогаш помага за да утврдите дали тој е заинтересиран за вас. Така, без многу празни зборови ве оставам да ја решите вашата дилема.

 

Ако еден маж ве гледа со подотворена уста и со директен поглед, тој сигурно ве посакува.
  1. Подотворена уста. Мажите инстинктивно вдишуваат со подотворена уста, кога се во присуство на жената што им се допаѓа.
  2. Раширени ноздри. Ако не успеавте да го видите претходниот знак, овој со сигурност ќе го забележите. Длабокото вдишување и раширените ноздри се знаци дека му се допаѓате.
  3. Крената веѓа. Тоа е сигурен знак дека го привлекувате. Секое подигање на веѓите ги прави очите поголеми, полни со светлина и попривлечни. На тој начин тој инстинктивно се обидува да ви се допадне. Ако се најдете во ситуација да зборувате со маж со „заспан“ поглед – не си го трошете времето. Најдобро е да го оставите, затоа што тој смета дека сте досадни.
  4. Привлекување на внимание. Ако му се допаѓате, тој ќе направи сè за вие да не престанете да се гледате во него. Дали тоа ќе го направи со местење на вратоврската или со разни комични раскази, тоа зависи од неговиот карактер.
  5. „Поправање“ на косата. Секој обид на мажите да си ја наместат фризурата е со цел да бидат попривлечни за вас.
  6. Директен поглед кон вас. Ако постојано ве гледа во очите, со тоа сака да ви покаже дека целото внимание ви го посветува само вас. Ако ве “мери” од глава до петици, тогаш ви испраќа порака дека ве посакува.
  7. Играње со чашата. Кога ја префрлува чашата од едната рака во другата, тој сака да ви покаже дека е сексуално заинтересиран за вас.
  8. Доближување кон вас. Ако седи на работ на столот, тој се доближува сè повеќе до вас затоа што му се допаѓате.
To top