Љубов и Секс

Вечното прашање: За колку време жените постигнуваат оргазам?

Вечното прашање: За колку време жените постигнуваат оргазам?

Ново истражување даде одговори за уживањето на жените и мажите за време на секс.

Истражувањето беше спроведено на 645 хетеросексуални жени од 20 земји. Сите биле во моногамни врски, а просечната возраст на испитаничките била 30 години.

Резултатите објавени во Journal of Sex Research покажаа дека жените повеќе уживаат ако сексот трае подолго, а исто така им треба подолго време да постигнат оргазам во споредба со мажите.

На просечниот маж му се потребни околу шест минути за да доживее оргазам, додека на жените им е потребно двојно повеќе време, односно 13,41 минути.

На жените им била дадена задача да измерат колку време поминува од моментот на сексуално возбудување до моментот кога доживеале оргазам.

Мерењата ги вршеле во период од осум недели и резултатите варирале од 12,76 до 14,06 минути. Треба да се напомене дека 17% од испитаничките ниту еднаш не доживеале оргазам во периодот на истражувањето.

Резултатите покажаа дека жените ретко постигнувале оргазам само со вагинален секс, односно само 31,4% од нив.

Дури 68,8% од жените реке дека им е потребен друг вид на стимулација за да постигнат оргазам, како бакнување и допирање на други делови од телото.

Некои секс пози се покажале како поефикасни за постигнување оргазам од други, а најголем процент од жените (42,2%) рекле дека повеќе сакаат кога тие ја контролираат играта, односно кога се одозгора за време на сексот.

извор: Кајгана

To top